Бајага и Инструктори на „Sea Star Festival“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бајага, еден од најважните регионални рок автори со своите Инструктори во сабота на 25-ти мај ќе ја засили програмата на третиот Си Стар Фестивал во Умаг! Откако минатата година воодушеви повеќе од 30.000 фанови на главната бина на Егзит, во Умаг доаѓа со безброј хитови од беспрекорната кариера долга 35 години, со која пораснаа голем број генерации низ регионот. Тоа воедно ќе биде прв пат Бајага и Хладно пиво да ја делат сцената после десет години, како и голема лекција за регионална солидарност и меѓусебна почит со најдобри соседски манири.

Бајага се вклопува во моќниот лајнап на фестивалот, кој го предводат најголемата хип хоп група во историјата Ву-Танг Клан (Wu-Tang Clan), водечките техно изведувачи денес, Свен Ват (Sven Vath) и Нина Кравиц (Nina Kraviz), ѕвездата во подем Иларио Аликанте (Ilario Alicante), британската трап-џез уметница Ај-ем-ди-ди-би (IAMDDB), најпознатата хрватска панк рок група Хладно пиво, суперпопуларниот Махмут Орхан и јаки имиња како што се: Војко В, Фокс (Fox), Кранкшвестер, Хај фајв (High5), Петар Дундов, Енрико Санџулијано (Enrico Sangiuliano), Диџеј Рок (DJ Rock) и многу други! Со Бајага и Инструктори својот настап на третото издание на умашкиот фестивал го потврди и можеби најдобриот инстарски поп рок бенд Нола, кој оваа година одбележува 25 години постоење. Ударната електронска екипа ќе ја предводат белградскиот техно доајен со светска слава Марко Настиќ и фамозната диџејка Лејди Ли (DJ Lady Lee), додека за загревање пред настапот на рап боговите Ву-Танг Клан ќе се погрижи култната хрватска хип хоп фигура Фет Фили (Phat Phillie) од Блекаут (Blackout). Со објавената комплетна програма на сцената Егзотик Лагуна и Сајлент Октопус, познат е поголемиот дел на музичката програма на Си Стар Фестивал.

Бајага и Инструктори, регионалните рок херои со повеќе од 30 години фантастична кариера ќе ја донесат до точка на вриење веќе вжештената атмосфера во прекрасната лагуна Стела Марис. Оваа икона на рокот последната сезона доживеа голем залет во целиот регион со фантастично посетени настапи на главната сцена на ЕГЗИТ и во загрепската Арена, а во Умаг ги носат вечните хитови како „С друге стране јастука“, „Тишина“, „Вјерујем не вјерујем“, „Живот је некад сив некад жут“, „Плави сафир“, „Године пролазе“, „Кад ходаш“ и многу многу други. Најпопуларниот истарски поп рок бенд Нола, кој неодамна прослави 25 години музичко творештво, ќе се качи на сцената со своите најважни музички дела, „Дио тебе“ и „Изнад облака“, за кои освои Порин дискографска награда во категоријата Песна на годината. На сјајниот електронски лајнап се придружува и Марко Настиќ како повратник на Си Стар. Настиќ е еден од најважните актери на регионалната музичка сцена и човек со повеќе од 200 изданија за светските издавачки куќи.

Си Стар Фестивал ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај во прекрасната лагуна Стела Марис во Умаг, со Welcome Party на 23-ти и Closing Party на 26-ти мај!

Share.