Бајачи и јасновидци кројачи на судбина

0
837

Секој има желба да ја дознае иднината. Поради тоа, речиси секојдневно можат да се прочитаат и да се слушнат разно-разни претскажувања .Тоа, можеби, и на моменти е забавно, сè додека не се претера.

Во обидот да ги надминат своите животни проблеми, граѓаните се обидуваат да ги побараат решенијата кај бајачи и кај јасновидци. Сé почесто ги среќаваме ваквите луѓе и на телевизијата и во списанијата како ги нудат своите услуги предвидувајќи ја иднината со тарот-карти, кугла и слично.
Што се вели, човек на мака ќе проба се и сешто.

– Стравот и неизвесноста ја претставува личноста која не може да размислува на реален начин да биде во таа его состојба на реализам кога се гледаат фактите, туку се оди на таа его состојба на дете каде преовладува страв, изјави Жанета Рисевска

Од психолошки аспект, како што тврдат стручните лица, посетата на бајачи и гатачи не им носи ништо добро на граѓаните. Нивната посета претставува чист бизнис што се реализира на грбот на недоволно образованите.

Се поставува прашањето, колку ваквите навики се потребни во 21 век, кога современата медицина, психологијата и преостанатите науки имаат сѐ повеќе објаснувања за проблемите со кои се соочуваат луѓето и нудат разни решенија за нив.

Меѓутоа, проблем не е само посетата на бајачи туку и суеверието што секојдневно опстојува во голем број семејства.
Кај народот познати се многубројни суеверија како што се фрлање три камења доколку црна мачка им го пресече патот, а посебно на тапет на овие „принципи“ на живот се бремените жени, кои никако не смеат да стојат под стреа, доилки, кои никако не смеат да остануваат надвор по зајдисонце и слично и сите тие се вметнуваат во секојдневието под оправдувањето дека „така останало од старите“.

Иако црквата постојано е во борба против самонаречените гатачки, бајачки и исцелители, народот сеуште верува во нив и мошне често ги бара нивните услуги. И додека едни за лекувањето наплатуваат според некаков тарифник, други оставаат пациентите да се одлучат сами колку ќе платат, односно оставаат за да се фати лекот или баењето.

Се на се, можеби клучното прашање на кое некој треба да одговори е кој и колку профитира на сметка на туѓата мака или невоља. И дали состојбите можат да се доведат во некои нормални граници и услови во кое здравјето сепак ќе биде пред се.