Американскиот претседател Џо Бајден објави дека се откажува од битката за реизбор со Доналд Трамп.
„Најголема чест во мојот живот беше да ви служам како претседател“, наведе 81-годишниот демократ во писмото објавено на X, додека се опоравува од Ковид-19 во неговата куќа во Делавер.
„Иако мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес за мојата партија и за земјата да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, вели Бајден.
Демократската партија сега е втурната во хаос и треба да најде нов кандидат до изборите во ноември, а фаворит е потпретседателката Камала Харис.
Бајден прифаќа да не се кандидира по неколкунеделниот притисок што започна со катастрофална дебата што предизвика стравувања за неговото здравје.
Неверојатниот потег го прави Бајден првиот претседател во историјата на САД кој се повлече толку доцна во изборната трка и првиот што се повлекува од трка за реизбор поради загриженоста за неговата ментална состојба и здравје.












