„Безбедносни политики и концепти“-промоција во Битола

0
442

Факултетот за безбедност кој што функционира во рамки на битолскиот Универзитет и Фондацијата „Конрад Аденауер“ ја издадоа книгата „ Безбедносни политики и концепти“ која што ќе се користи во рамки на наставната програма на Факултетот за безбедност и сите универзитети, во рамки на истражувањето и креирањето на безбедносните политики и стратегии во Македонија и регионот и земјите членки на НАТО и ЕУ. Автор на книгата е доц.д-р Марјан Ѓуровски кој вели дека во книгата се прикажани истражувачки резултати на мислењето на граѓаните за безбедносните ризици и закани, и воопшто каков придонес треба да се даде во изградбата на соодветен безбедносен концепт во Р.Македонија

-Основен заклучок кој произлегува од оваа книга е дека концептот на националната безбедност како што функционира денеска безбедносниот систем е пренесен и воопшто немаме соодветно детектирање и мапирање на безбедносните ризици и закани, кои што ќе овозможат превенција на ризиците по безбедноста на Македонија. Од тука основно преку една теоретска основа се доѓа до заклучокот дека концептот на интегралната безбедност е соодветен за Македонија преку едно законско решение во кое појасно ќе биде дефинирана улогата на претседателот на државата  во креирањето на безбедносната политика, но и воопшто Владата на Македонија преку формирање на аналиттички центар за разознавање и контраразознавање, каде што ќе се обединат информациите на разознавачката заедница,  но и воедно креаторите на безбедносната политика на едно место ќе можат да ги утврдат приоритетите на Македонија во следниот период, рече доц.д-р Марјан Ѓуровски

Сега се е на една карта, вели доц.д-р Марјан Ѓуровски ,членството на Р.Македонија во НАТО и преговорите меѓу Атина и Скопје за привремената референца ПЈРМ. Што доколку тие преговори не успеат и воопшто дали Р.Македонија има друга алтернатива, план Б како да го продолжи понатамошниот процес на развој на земјата и реформите и трансформацијата на правниот, политичкиот  и безбедносниот систем.

-Оттука со оглед на тоа што сите стратешки документи од областа на безбедноста скоро се застарени од 5 до 8 години мора да се вратиме дома , да се фокусираме на домашните задачи да ги утврдиме ризиците и заканите по безбедноста и да видиме дали членството во НАТО е единствена алтернатива , во тој случај ако е тоа да работиме сеуште на преговорите со Атина и Скопје со оглед на тоа што се сомневам дека до јуни ќе дојде до решение со спорот околу името на Р.Македонија за меѓународна употреба. Отука сметам дека посветено треба да работиме на реформите и домашната задача, со оглед на тоа што оваа Влада доби задача за борба против криминалот, корупцијата, трансформација на правосудството и генерално на реформа на следење на комуникациите, рече доц.д-р Марјан Ѓуровски.

Економската и идентитетската безбедност се најхризични делови од безбедноста на Македонија

-Закана по територијата од друга држава сега и во наредните 5 до 10 години на Македонија реално нема . Ние имаме внатрешни проблеми, потенцијал за внатрешен конфликт на долги стази од 5 до 10 години. Со оглед на тоа што ние имаме проблем во економскиот дел и во делот на идентитетската безбедност. Внатрешниот македонски судир кој што може по прашањето за името за спорот на Грција да се проширува, а воедно не смеат да се потценат односите помеѓу македонската и албанската заедница во Македонија, доц.д-р Марјан Ѓуровски

Промотор и рецезент на книгата беше проф.д-р Пере Аслимовски

Книгата на македонските студенти во иднина  ќе им овозмоши по нивното дипломирање веднаш да влезат во процесот на имплементација на безбедносната политика.