Без архитектонски бариери на Connect Beach

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Здружението на слепи лица од Битола заедно со преставници од Завод и музеј-Битола, изминатиот викенд беа во посета на црквата Свети Ѓорѓи во Курбиново и плажата Connect beach во Сливница.

Свети Ѓорѓи — главна и единствена манастирска црква на Курбиновскиот манастир, сместена над селото Курбиново, Преспа, во непосредна близина на Преспанското Езеро.


Црквата „Св. Ѓорѓи“ е еднокорабна градба со полукружна апсида. Градбата е долга 17 метри и широка 7 метри. Со ова таа е најголемата еднокорабна црква во Македонија.
Црквата се карактеризира со специфичен начин на обработка на фасадите. Црквата Св. Ѓорѓи своето место во ризницата на светските вредности го обезбедува со сочуваниот фрескоживопис. Фрескоживописот од дванаесеттиот век е сочуван скоро во целост, освен уништениот дел од претставите во првата зона на северниот ѕид и дел од јужниот, како и горниот дел од третата зона.

По посетата на манастирот во Курбиново, беа и на плажата во Сливница, каде што рекоа дека таму за нив, но и за лицата со друг хендикеп нема никакви архитектонски бариерии.

Share.