Без маски на отворено, полицискиот час важи до 15 јуни

Движење без маски на отворено, организирање  свадби, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 отсто од вкупниот капацитет на посетители. Тоа се дел од  измените на  рестриктивни мерки што ги усвои Владата вчера на седница, по намалувањето на бројот на новозаболените од ковид-19.

– Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
– Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
– Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
– Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина; и
– Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.

Сподели