Без тендер купувал дрва, набавил ламинат, а го немало

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против С.Д.(47) од Крушево за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на 2016 и 2017 година пријавениот, како директор на Домот на културата “Наум Наумовски-Борче“ во Крушево, без да распише тендер за јавни набавки користел услуги од угостителски објекти за репрезентации и набавувал огревни дрва од повеке фирми. Исто така, за одржување на објектот (Домот на култура) имало доставено фактура за набавка на 30 м2 ламинат, но од извршените проверки било констатирано дека ламинат не бил поставен во ниту една просторија. Во текот на 2016 година на тендер за набавка на литература била избрана фирмата „Викели“, но надвор од рамките на тендерот, биле купувани книги и од други фирми со кои не бил склучен договор. Со овие дејствија Домот на културата бил оштетен за вкупен износ од 202.806 денари.

Share.