„Без ѕидот ќе има многу мртви“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на САД, Доналд Трамп го бранеше ѕидот во градот Мекален, Тексас, на границата со Мексико, својата идеја за изградба на ѕидот, која предизвика расправа со демократите и предизвика делумна парализа на американската администрација.

„Тоа е прашање на здравиот разум. Нив им треба бариера, нив им треба ѕид. Без тоа ќе има само проблеми. И многу мртви“, изјави Трамп, додавајќи дека „нема ништо подобро од ѕидот“.

Американскиот претседател бара 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот кој го вети за време на кампањата, додека неговите политички противници категорично одбиваат да ги деблокираат средствата за проектот кој го сметаат за неморален, скап и неефикасен.

Поради застој во расправата за буџетот, веќе повеќе од две недели, околу 800.000 вработени во сојузната влада не примиле плата. Подолга блокада на сојузната влада „значително би се одразила“ на водечката светска економија, предупреди шефот на американската централна банка Џером Пауел.

mkd.mk

Share.