„Бела ноќ“ во Битола нема да има

Организаторите на Широк Сокак во бело-Бела ноќ во Битола соопштија дека и оваа година овој настан се одложува заради пандемијата.

„Сите овие изминати девет години имавме преполн Широк Сокак и преполн плоштад, насмеани, позитивни и среќни лица. За жал и оваа година поради ситуацијата со вирусот Ковид 19 и пандемијата, а во интерес на здравјето на граѓаните, и со оглед на големината и масовноста, 10-то јубилејно издание се одлага за в година. Се гледаме наредната 2022 година на 10 тото јубилејно издание на плоштад Гоце Делчев“ соопшти организаторот.

Сподели