Белгија го совлада Бразил и оди во полуфиналето

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Белгија вечерва го победи Бразил со 2:1 и се пласираше во полуфиналето од Светското првенство во фудбал што се одржува во Русија. Головите за Белгија ги дадоа Фернандињо во 13-та и Кевин де Бруин во 31-та минута. Голот за Бразил во 76-та минута го постигна Ренато Аугусто.

Белгија во полуфиналето ќе игра против Франција која денеска без многу проблеми го совлада Уругвај со 2-0.

Share.