Бензините поскапи за половина, дизелот за еден денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 35,237 ден/кг

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 68,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 70,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 61,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 35,237 (денари/килограм)

Сподели