Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 денар/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 12.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното
масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени
утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива
за транспорт од 12.07.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50
ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,299 денар/килограм, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 12.07.2021 година и со тоа малопродажната цена на
Мазутот М-1 НС изнесува 38,018 ден/кг.

Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 72,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 74,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 63,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 38,018 (денари/килограм)

 

Сподели