Бензините поскапуваат за 1 денар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,8 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 69 денари. ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  и понатаму ќе чини 55 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,353 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 34,779 денари.

Сподели