Берлускони подготвен за формирање влада на десниот центар

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поранешниот италијански премиер и лидер на конзервативната партија Форца Италија (ФИ), Силвио Белускони вечерва соопшти дека е подготвен да учествува во формирањето на нова влада на Италија на коалицијата на десниот центар.

Ваквата изјава Берлускони ја даде по средбата со лидерот на десничарската и антиимигрантска партија Лига, Матео Салвини, која заедно со неговата ФИ и уште две други партии беше дел од десноцентристичката коалиција на вчерашните парламентарни избори.

Берлускони до 2019 година има забрана за извршување на премиеската функција, затоа што е осуден за даночни затајувања, па уште минатата недела за кандидат за премиер на ФИ го предложи актуелниот претседател на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Меѓутоа, согласно меѓукоалицскиот предизборен договор, во случај на победа на десноцентристичлката коалиција на изборите, кандидатот за премиер треба да го номинира партијата меѓу членките на блокот што ќе освои најмногу гласови.

На вчерашните избори Лигата на Салвини освои 17,4 отсто од гласовите, ФИ 14,03, а другите две партии во коалицијата – националистичката Браќа на Италија и демохристијанскиот блок Ние за Италија (НЦИ) освоија 4,35, односно 1,31 проценти од гласовите.

Десноцентристичката коалиција предводена од Лигата и ФИ вкупно освои 37 проценти од гласовите и ќе биде најголем блок во Парламнетот, но нема мнозинство за самостојно формирање влада.

Share.