ТЕРА

REKLAMA???

БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО „НИЖЕПОЛЕ“ НА ЧИСТ ВОЗДУХ

Една од мерките од синоќешниот состанок на кризниот штаб на Општина Битола е и бесплатен превоз за граѓаните на општина Битола до Ски центар „Нижеполе“.

Мерката е за денеска, утре и в петок, со време на поаѓање во 9:00, 11:00 и 13:00 часот на следните две линии: прва линија со поаѓање од Автобуска станица – Спортска сала „Боро Чурлевски“ – улица „Партизанска“ – улица „Васко Карангелевски“ – Ружа Делчева – Лавчанска населба -Брусничка населба – Нижеполе; втората линија ќе поаѓа од Ат пазар – Бела Чешма – Шехерезада – „Булевар 1 Мај“ – Довлеџик – Нижеполе