Бесплатни мерења на очен притисок во Систина Офталмологија во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Систина Офталмологија секоја година ја одбележува Светската недела на глауком. Оваа година се одбележува од 11 до 17 март. По тој повод, дијагностичкиот центар „Систина Офталмологија“ во Битола овозможува бесплатни мерења на очниот притисок.Глаукомот како очна болеста се води како втора причина во светот која предизвикува слепило.

-Глаукомот е заболување кое го напаѓа очниот нерв, односно настанува притисок кога очната вода се насобира во предниот дел на окото, на тој начин што го зголемува очниот притисок. За жал, оваа состојба е асимптоматична, односно не пројавува никакви симптоми се додека не е доцна и поради тоа се нарекува и „тивкиот крадец на видот“. Досегашните студии покажуваат дека околу 2 – 3% од популацијата постара од 40 год., боледува од некоја врста на глауком, а се претпоставува дека 50% не е дијагностицирано. Поради тоа и ја спроведуваме оваа акција за бесплатно мерење на очен притисок, за да направиме испитувања и да ја подигнеме свеста на граѓаните за последиците од оваа состојба. Особено треба да внимаваат лицата кои имаат над 40 години, ка кои има заматување на видот кое поминува, осеќаат тапа болка во предел на очите, притисок позади очите, особено навечер ги боли глава кога читаат, имаат дијабетес, често конзумираат кортикостероиди, како и оние кои имаат глауком во семејството. Особено е важно да се направи детален преглед бидејќи само ако дијагностицираме навреме и препишеме терапија и го третираме глаукомот, ќе спречиме развој на оваа болест кој доведува до екстремно намалување на видот. Ги повикувам јавно сите граѓани кои се сомневаат дека можеби имаат глауком, кои знаат дека имаат висок очен притисок или сакаат да се проверат, а немаат одредени симптоми, да закажат термин во „Систина Офталмологија“ Битола за да можеме јас и мојот тим да им помогнеме да го решат својот проблем со видот, рече д-р Александра Гочева Јерчиќ, специјалист офталмолог од „Систина Офталмологија“-Битола.

„Систина Офталмологија“ од почеток на своето постоење, континуирано работи на проекти заедно со граѓаните, кои ги информираат иедуцираат за болестите кои може да предизвикаат сериозни очни оштетувања, како дијабетесот, за да навремено реагираат за да се заштитат од дополнителни компликации кои може да се избегнат.Дијагностичкиот центар „Систина Офталмологија“ Битола е комплетно опремен за дијагностицирање на сите очни состојби и тимот стои на располагање за консултации и прегледи за сите проблеми кои ги имате со вашите очи и вид.

Share.