Бејл размислува за враќање во Тотенхем

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Шпанските медиуми вчера објавија информација дека 30-годишниот Бејл не е во плановите на Зидан за наредната сезона и дека може како слободен играч да го напушти клубот во текот на летото.

Сепак, малку се оние кои се спремни на Бејл да му дадат огромна плата со која ќе го привлечат во својот клуб.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем сака да ја искористи ситуацијата и да го врати Бејл во своите редови. Сепак, овој трансфер е возможен само доколку Хари Кејн го напуши клубот ова лето.

Велшанецот го носеше дресот на Тотенхем од 2007 до 2013 година каде ја доживеа фудбалската афирмација и за 100 милиони евра се пресели во Реал Мадрид.

Share.