„Биди кабадаја-носи кацига“

0
5242

Во заедничка соработка со СВР Битола, Здружението на мотоциклисти „Ѓорги Стефановски„ од Битола ја започна кампањата под мотото „БИДИ КАБАДАЈА НОСИ КАЦИГА“.

Од здруженеито велат дека голем е бројот на млади учесници во сообраќајот  за време на летниот период кога возат мотоцикли без заштитна кацига.

Факт е дека поголемиот дел од младите мотоциклисти ја избегнуваат законската обврска за носење на заштитна кацига, велат од таму.

Поради тоа, изминатиот викенд низ Широк сокак во Битола како почеток на кампањата се поделија флаери со оваа содржина.

Целта  е да се потикне свеста кај мотоциклистите за безбедноста во сообраќајот и носењето на заштита кацига.

За време на летниот период нашата соработка со СВР Битола ќе продолжи со организирање на низа заеднички активности, трибини и настани поврзани со безбедноста и ќе се однесуваат на најралнивата група во сообраќајот, а тоа се мотоциклистите.