Бизнисмен нуди награда од милион долари за одговор на едно прашање

Милијардерот Роберт Бигелоу (75), основач и сопственик на „Бигелоу Аероспејс“, кој го заработи своето богатство за трговија со недвижнини во Лас Вегас, им нуди милион долари на тројца научници кои ќе одговарат само на едно од неговите прашања: дали постои живот после смртта?

Овој бизнисмен отсекогаш бил заинтересиран за „необични појави и настани“, а неодамна го основал „Бигелоу институт за проучување на свеста“ за да истражи што се случува после смртта и дали е можно човечката свест да живее по физичката смрт.

Прочитајте и: Големината на зеницата открива нови сознанија за човечката интелигенција

За да влезат во изборот за наградата, научниците, невролозите и психолозите треба да одговорат на ова прашање со текст што не треба да има повеќе од 25.000 зборови, а конкурсот е отворен до 1 август 2021 година.

Група специјални судии ќе го изберат победникот на 1 ноември. Првото место ќе освои награда од 500 000 долари, второто 300 000, а третото 200 000.

Интересот на бизнисмените за ова прашање се зголеми откако неговата сопруга Дијана почина во февруари 2020 година. Сепак, според светските медиуми, бизнисменот се запознал со оваа тема кога неговиот син се самоубил во 1992 година.

Сподели