Бикини Мун на Манчевски доаѓа во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во скопското кино „Милениум“,  се одржа премиерата на новиот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, кој е американско-германска копродукција.

Пред премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“.

На премиерата присуствуваше и дел од филмската екипа на Бикини Мун, кои на крајот од проекцијата и се поклонија на публиката. На сцената се качија режисерот Милчо Манчевски, композиторот на музиката Игор Василев – Новоградска и дизајнерот на продукција, британецот Дејвид Манс.

Манчевски, најнаградуваниот македонски автор, вели дека „Бикини Мун“ е современа трагедија, која, според својата структура претставува филм во филм, лажен синема верите документарец.

-Овој филм како и сите мои досегашни филмови зборува за природата на вистината, лагата и илузијата.
Главните улоги ги играат Кондола Рашад, Сара Голдберг, Вил Џеновиц, Сатја Сридхаран и Микал Мишел Харис.

Бикини Мун ја освои специјалната награда на жирито на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, каде ја имаше својата европска премиера, а американската премиера беше на фестивалот Синеквест во Сан Хозе, Калифорнија. Светската премиера се одржа на фестивалот во Сао Паоло.

Македонија е прва земја во регионот со редовна кино-дистрибуција, а по Скопје следуваат фестивалите во Сарасота во Флорида, во Истанбул, Менхетен во Њујорк, во Франкфурт и Нешвил во мај.

Премиерата во Битола е на 4-ти април

Share.