Бикини Мун на Манчевски од 22-ри март во Македонија

0
368

-Се викам Бикини. Без презиме. Како Господ. Или Мадона. Или Бијонсе.
Ова е дел од најновиот филм на Милчо Манчевски, Бикини Мун, кој
ја освои специјалната награда на жирито на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, каде ја имаше својата европска премиера.
Бикини Мун , кој филм е американско-германска копродукција, имаше американска премиера на фестивалот Синеквест во Сан Хозе, Калифорнија.

Филмот доби одлични рецензии по премиерата на Синеквест, : „’Бикини Мун“ е воодушевувачки брилијантен филм“, „Целосно свежо и оригинално дело на режисерски маестро“, „Ова е филм каков што ‘Обликот на водата’ сакал да биде, ама не знаел како“, напиша меѓу другото американската критика.
Реномираниот Синеквест е избран за најдобар филмски фестивал од читателите на „USA today“ и се одржува во Силиконската Долина.
Се работи за  е психолошки портрет кој има формат на лажен документарец и зборува за тоа како медиумите (вклучувајќи го и филмот) го експлоатираат поединецот. Денес секаде и секој снима и тоа го гледаме сите: од прислушување и безбедносни камери до селфи на Фејсбук.

– Бикини Мун, како и моите досегашни филмови зборува за природата на вистината, лагата и илузијата, изјави Манчевски.

Пофалби за одличната изведба во филмот добива и Кондола Рашад, која беше три пати номинирана за бродвејската награда Тони („Ромео и Јулија“ со Орландо Блум, „Куќа за кукли – втор дел“) и која во моментов игра во серијата „Милијарди“ – ја глуми Бикини Мун Дејвис. Бикини е харизматична жена војник со психички проблеми која го привлекува вниманието на документарна екипа; тие сакаат да ја искористат нејзината приказна за сопствена слава.
Бикини Мун имаше светска премиера на фестивалот во Сао Пауло каде ја освои бразилската критика. „Брилијантен авторски филм“, „Милчо, провокативен како и секогаш, прави особено оригинален и силен коментар за информатичкото општество“, „Делото на Манчевски флертува со надреализмот со цел да ја прикаже стварноста. Тој е режисер-филозоф“, напишаа меѓу другото бразилските критичари.

Манчевски, кој дипломираше на филмска академија во САД, ја започна професионалната кариера со филмови и спотови во Њујорк, каде и живее, освојувајќи ја и наградата на Ем-Ти-Ви, каде и живее. После номинацијата за Оскар и наградата Индепендент спирит, соработуваше со холивудските студија и работеше на серијата „Жица“ (The Wire) за Ејч-Би-О.

Неговиот филм „Пред дождот“ е најнаградувано македонско уметничко дело (Златен лав во Венеција и уште 30 други меѓународни награди), а „Њујорк тајмс“ го вброи во 1.000 најдобри филмови на сите времиња. Неговиот последен македонски филм, „Мајки“ е снимен пред осум години, а во меѓувреме тој го сними кубанско-американски експериментален филм „Крајот на времето“, прикажан на ИФФК.Браќа Манаки, кој освои четири меѓународни фестивалски награди.
Прикажувањетона Бикини Мун во Македонија започнува на 22 -ри март
во Кино Милениум во Скопје.