ТЕРА

REKLAMA???

БИТИЌИ: НЕКОЈ 20 ГОДИНИ КРИЕЛ И НЕ ПРЕЗЕМАЛ НИШТО ПРОТИВ ИСЕЛУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ

„Не смееме да ги преќутуваме проблемите, како вели онаа македонската народна ‘Да ги ставаме под тепих’, затоа што тие не исчезуваат. Веќе се сопнуваме на нив. Некој 20 години ни ги сокривал под тепих, 20 години не преземал ништо, 20 години некој ни ја крадел иднината“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на настан на Државен завод за статистика за проекција на население.

Тој додаде дека време е за поинаков пристап и дека следните неколку години се нашата шанса за да се направи вистинска промена.

„Решението е во носење на системски промени и одлуки. Кои носат предвидливост и доследност, без разлика на политичката воља, што носи нешто што е непроценливо важно за секој развој а тоа е јакнење на сигурноста и довербата. Само со постојана реафирмација на сигурноста и довербата може да имаме слобода која нос и кон креирање и исполнување на потенцијалите“ рече Битиќи.

Тој додаде дека решението е и во завршување на интегрирањето кон ЕУ и економскиот раст, со јасна визија, поради која и се креираше Националната развојна стратегија.

Тој додаде дека со пописот спроведен во 2021 година, после 20 години, се покажа дека во 20 години, во времето помеѓу двата реализирани пописи 2002 до 2021 година, од земјава емигриле околу 200.000 наши граѓани или околу 9 отсто.

„Но, делот кој најмногу загрижува се податоците за млади. Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24% од вкупното население. Според податоците од 2021 година, бројката за оваа категорија изнесува 326.733 или 18% од вкупниот број на населението. Во рок од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за над 150.000 граѓани, или слободно може да кажеме дека оваа возрасна категорија се намалила за околу една третина“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека повеќе од сто илјади граѓани кои во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години, а денес би имале од 29 до 35 години не се во државата, односно не се евидентирани во последниот попис.

„Овој тренд се повторува и кај децата на возраст од 0 до 9 години, кои денес би имале 20 до 29 години, па така 16% од оваа група недостасува на последниот попис“ рече Битиќи.