ТЕРА

REKLAMA???

БИТИЌИ: ПОЛИТИЧКАТА БИТКА СЕ ВОДИ ПРЕД ИЗБОРИ, СЕГА СЕ РАБОТИ

За време на последната посета на Битола, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го прашавме за изјавите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Хритијан Мицкоски дека и покрај опструкциите на централната власта, општините каде градоначалниците се од редовитена ВМРО ДПМНЕ испорачуваат резултати преку ветените проекти.

„Јас сум кажал дека политичарите можат да водат политика битка секојдневно или да ја оставаат таа за пред изборите. Јас сум еден од тие кои што ја остава за пред изборите, а секојдневно работам за доброто на граѓаните. Десетте проекти кои што се уште не се започнати се токму во општини водени од ВМРО ДПМНЕ иако имаа две години за да ги започнат, деновиве ќе донесеме одлука за да ги изменуме проектите по нивно барање, затоа што не биле задоволни со претходните проекти. Тоа е одраз на тоа што е спротивно на тоа што ВМРО ДПМНЕ го кажува. Значи се што е во интерес на граѓаните централната власт ќе го прави до последниот ден на својот мандат и во наредниот мандат кој секако ќе го работиме во интерес на граѓаните“ рече Битиќи.

Го прашавме и за барањето на АДКОМ ( Здружение на комунални претпријатија во Македонија) за барањето помош од централната власт, преку последната средба со министерката за животна средина и со Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

„Јавните претпријатија кои што се членки на АДКОМ се под надлежност на Заедниците на единици на локална самоуправа ( ЗЕЛС ). Ние веќе долги години наназад сме влезени длабоко во фазата на децентрализација во која што надлежностите на локалната самоуправа не може да ги преземе централната власт. Секако во време на Ковид помагавме на јавните комунални претпријатија. Сметам дека овде треба да се одважат сите единици на локална самоуправа да го решат проблемот на функционирање на јавните претпијатија, а ако кажат дека таа надлежност не можат да ја испорачаат, централната власт е овде соодветно да одговори, како што одговори во низа на случаи низ државата кога беа доведени прашањата за јавните услуги за граѓаните“ вели вицепремиерот Битиќи.