ТЕРА

REKLAMA???

БИТИЌИ: СЕ ФИНАЛИЗИРА ИЗГРАДБАТА НА МОСТОТ КАЈ ДОВЛЕЏИК

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во придружба на претседателот на ОО на СДСМ, Драган Крајовски и управителот на фирмата која ги изведува градежните работи „Стентон Градба“, Гоце Стојановски, во посета на мостот кој се гради кај Довлеџик.

„Имаме добра вест за жителите на Битола, изградбата на новиот мост на реката Драгор, кај местото викано Довлеџик се финализира, со што конечно ќе се реши големиот проблем кој се јавуваше со стариот мост”, изјави заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи кој престојува во Пелагонискиот Регион каде посетува компании поддржани преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ), изврши увид и на градежните работи на новиот мост на реката Драгор, со средства од ТАВ програмата.

„Новиот мост за кој беа одвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата е во должина од 30м, ширина 21м, има 4 коловозни ленти, 2 пешачки и 2 велосипедски, и со посебно осветлување. Моментално се работи на новата челична мостовска конструкција, и на подготовките за изградба на коловозната лента. Динамиката на одвивање на градежните работи, со 80% реализација, не прави оптимисти дека до крајот на годината мостот ќе биде пуштен во употреба”, соопшти Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи нагласи дека до денеска имаме над 76% реализација на започнатите проекти од ТАВ програмата, и дека реализацијата на овие значајни проекти се одвива успешно според предвидената динамика.

„Од вкупно 82 започнати проекти во вредност од 49,7 милиони евра, до денес се завршени 60 инфраструктурни проекти во разни општини низ државата”, додаде Битиќи.

Преку оваа програма, Владата и ТАВ градат водоводи, канализации, спортски сали, патишта и улици, градинки, домови за стари лица, младински центри, поточно инфраструктурни проекти кои се значајни за нашите сограѓани.

Управителот на „Стентон Градба“ Гоце Стојановски рече дека градежните работи се во завршна фаза.

„Како што напомена вицепремиерот, градежните работи се во завршна фаза, моментално се работи на извршување на поставување на челичната конструкција. Очекуваме до крајот на месецот да се изврши бетонирање на плочата на мостот и до крајот на месец август или почетокот на септември, неколку месеци порано од предвидената динамика да завршат градежните работи и мостот да биде достапен за возење на битолчани и долгогодишниот проблем да биде решен“ рече тој.

Додека трае изградбата на мостот преку девијација, е овозможење непречено одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

„Тоа беше како дел од проектот, значи со помош на Владата, на ТАВ и на локалната самоуправа, заедно успеаа да изработат проект за девијација околу мостот за да може битолчани непречено да пристапуваат кон Пелистер и Баба Планина“ рече управителот на „Стентон Градба“.