ТЕРА

REKLAMA???

БИТКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА КОМИСИИТЕ ВО СОВЕТОТ

Смена на претседателите и членовите на Комисиите во Советот на Општина Битола. Не беше во прeдвидениот дневниот ред, но се најде како барање за дополнување од страна на претседателката на Советот, Илиевска.

Побара дополнување на дневниот ред со точка за разрешување и именување на членови во комисиите за спорт, за урбанизам, за јавни комунални дејности, комисијата за туризам.

Советникот од ВМРО ДПМНЕ, Бојкоски побара да се запази законот и како што рече колегите од СДСМ да си ги добијат заслужените седум претседатели на комисии.

„ А не да имаат четири, а и вие како Поинаку со три советници да имате четири комисии. Немате толку советници, колку што ќе имате претседатели. Тоа сакам јас да ви кажам. Тие имаат 11 советници, треба да имаат седум претседатели, ВМРО ДПМНЕ и советничката група со коалицијата, девет треба да има. Вие ги лажите. В партија треба да му кажат дека ги лажите. Имаат три пати повеќе од вас советници, четири му давате. Ги лажите, демек ајде ќе ги смениме овие. Ништо не е тоа претседател на комисија. Ама зошто ги доведувате во заблуда луѓето. Да се свестат малку, да си речат еј што ни прават овие“ рече советникот Бојан Бојкоски.

На изборните резултати од локалните избори потсети советникот Ѓорѓиевски.

„За да ви воочам претседателке првенствено вас, бидејќи пред една седница вие овој процес го започнавте, разрешување на членови, на претседатели на комисии, а сега гледам и колегите од СДСМ влегоа во вашата матрица и сакате да ја нарушите демократската волја на граѓаните, која што е изразена на непосредни избори. Законите не се на ваша страна и го штитат интересот на граѓаните, а не тесниот партиски и личен интерес овде на поединци“ рече советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Вели член 50 од статутот на Општина Битола, претседателот и членовите на комисиите ги избира Советот на Општината на предлог од комисијата за мандатни прашања, избори и именувања. Претходно рече тој имаше таква комисија, но таков предлог како што предлага неговиот колега Илиевски немало. Неговата забелешка беше дека во точката се споменува член на комисијата, а не претседател.

„Значи предлам, претседателот на комисијата за урбанизат и заштита на животната средина биде променет, истиот да стани член, а додека членот во комисијата Илиевски Методија да стани претседател на истата комисија“ рече советникот од СДСМ, Методија Илиевски.

На ова реагираше советникот Ѓорѓиевски прашувајќи го Илиевски за точката која гласи решение за разрешување и именување на член во комисијата за урбанизам и животна средина, а тој споменал претседател.

„Точката на дневен ред е член, значи не се споменува претседател во називот на точката на дневен ред. Значи ако дискутираме за член, кажете кој член треба да се именува и да се разреши“ рече Ѓорѓиевски.

„Па кажав кој член треба да се именува и разреши. Членот на комисијата Илиевски Методија да стани претседател на комисијата, а претседателот на комисијата да стани член“ повтори Илиевски.

На ова реагираше советникот Бојкоски.

„Беше одржана мандатна комисија на која што беше побарано промена на членови и претседателите на комисиите. Истите беа одбиени од страна на мандатната комисија. Врз основа на тоа колегата Илиевски незаконски сега предлага, предлагаше претходно, истите да бидат сменети. Вие си гласавте. Сега дојдовме до точката решение за разрешување и именување на член во комисијата за туризам. Таа точка беше изгласана од страна на мандатната комисија и не требаше да дава предлог колегата, врз основа на записникот кој што беше прочитан и извештајот од мандатната комисија требаше само да се гласа“ рече Бојкоски.

Советничката од СДСМ, Наумовска со забелешка, односно прашање дали тоа што било на комисија, не треба да се најде на пленарна седница.

„Сакате да кажите, ете една паралела ќе направиме, дека на пример легализациите ги гласавме ние на комисија и не треба да се гласаат на совет?  Се заплеткавте во тоа што го зборувате. Дали се слушате што зборувате? Вие на комисија изгласавте и ние сега на седница не треба да гласаме?  Јас така ве разбирам вас. Значи тоа што оди на комисија оди и на седница. На седница, сте на пример по вашите пропорционални проценки, на пример тројца од коалицијата Левица и ВМРО ДПМНЕ, еден Поинаку и еден СДСМ. Мене никој нема да ме удостои овде да го кажам својот став? Или другите колеги? Не ве разбирам што зборувате. И самите не се разбирате. Како е градоначалник? Добро е? Денот е така да ви биде интересен? Или вежбате седење во клупи советнички или пратенички? праша советничката Жаклина Наумовска од СДСМ.

На ова реагираше Бојкоски кој побара од претседателката да се запази нивото во Советот. И продолжија со кавга кој кого малтретирал во Советот.