Според најновите проценки на Русија, околу 2 000 украински борци сè уште се скриени во лавиринтот од тунели и бункери под големата челичарница „Азовстал“ во Мариупол, пренесува Хина.
Се верува и дека таму се наоѓаат и неколку стотици цивили.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека нападот ја спречил евакуацијата на преостанатите цивили.
Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, изјави дека руската војска го почитува прекинот на огнот околу фабриката и оти хуманитарните коридори околу Азовстал „финкционираат“.

Според украински наводи вкупно околу 500 цивили се донесени на безбедно во изминатите неколку дена од украинскиот град Мариупол и тамошната челичарница, кои со недели се под опсада на руските војници.
Обединетите нации за денеска организираат уште една евакуација од Мариупол , изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.












