Битола веднаш зад Скопје по бројот на активни случаи

Во периодот од 12 до 18 април во Битола регистрирани се вкупно 406 нови случаи на Ковид 19. Бројот на оздравени лица за минатата недела изнесува 347, додека како последица од коронавирусот минатата недела починале 21 лице. Утрово бројот на хоспитализирани лица во регионалниот Ковид центар во Битола изнесуваше 134 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Битола се регистрирани вкупно 5732 случаи на Ковид 19, додека во моментот активни се 1236 случаи, што е повеќе во однос на претходната недела кога имаше 1205 активни случаи. Во Битола досега како последица од Ковид 19, починале вкупно 234 лица.

Во Прилеп пак, за изминатата недела, од 12 до 18 април, имало 277 нови случаи на Ковид-19. Од последици на коронавирусот починале 14 лица, додека бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 935. На болничко лекување се наоѓаат 107 лица, од кои 83 се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат 80 пациенти. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 во Прилеп од почетокот на пандемијата изнесува 7.910, а од коронавирус досега во Прилеп починалe 378 лицa.

Инаку Битола со моментално активни 1236 се искачи високо по бројот на активни случаи и сега е веднаш после Скопје Во регионот пак состојбата со активни случаи е следната:

Прилеп 7910, активни 935
Битола 5732, активни 1236
Кичево 2349, активни 298
Ресен 1168, активни 218
Крушево 457, активни 99
Демир Хисар 358, активни 57
Македонски Брод 347, активни 32

Сподели