“Битола во боја”

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +
Медиа/Арт клубот- Битола на Младински образвовен форум, го организираа завршниот настан “Битола во боја”.

Изложбата се организира со цел да им се прикаже на граѓаните на Битола дека постојат доволен број на настани во градот кои ја опфаќаат младата популација, само е потребна информираност околу истите.
Фотографиите се направени од членовите на Медиа/Арт клубот од различни културни настани кои се одржуваат во Битола.

Медиа Арт клубот – Битола, е место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказна, да научат за перформативна и урбана уметност итн. Предавањата во Медиа/Арт клубот ги држат млади луѓе со искуство во различните модули. Во моментов постојат пет клубови во Македонија и тоа во Скопје, Битола, Тетово, Велес и Куманово кои активно работат на создавање креативни и интересни содржини на општествено релевантни теми кои се од интерес на самите членови.
Share.