Битола дел од Глобалниот Game jam на Македонија

0
908

Од 26 ти до 28 ми јануери во хотел Театар, во Битола се одржа годинешното издание на Глобал Гејмџем, настан кој се врати по 6-ти пат во Македонија, во рамките  на Македонската асоцијација за развивање игри МАГДА.

За време на 48-часовниот маратон се изработуваат игри, а во него може да учествува секој ентузијаст и љубител на гејмингот.

Инаку, во изминативе  години,  1.500 учесници изработиле речиси 150 игри.

Најдобрите и оваа година беа наградени па така првото место отиде кај екипата
Return Zero, кои направија multiplayer арена игра во Unreal engine која ја демонстрираа со 4 играчи во realtime.
Второто место е за екипата- Мазни, кои направија игра во Unity каде еден часовничар мора да ги заврти запчаниците во саат кулата во даден редослед за да го поправи.
Третото место е за Space Bananas,група на деца од 9-12 години кои направија игра во Scratch каде играчот треба да реши анаграм од букви кои ги собира од различни планети.