ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА ПРИКАЗНА НА ЛАЈБАХ

Центарот за култура-Битола оваа есен ќе и понуди на публиката многубројни квалитетни настани. На прес конференцијата за медиумите, директорката Маја Андоновска Илијевски започна со заблагодарувањето до медиумите за поддршката за фестивалот Илинденски денови за кој таа истакна дека беше фестивал за кој долго ќе се зборува.

Но, Центарот тука не застанува, во подготовки веќе се септемвриските настани и активности. Па така на 7. септември во Народниот театар во Битола ќе биде одржан концерт на битолчанецот Крсте Роџевски.Овој концерт е дел од годишната програма на Министерството за култура.

Веднаш после него на 14.септември Камерниот оркестар на Битола ќе одржи концерт посветен на музиката на МТВ од 80 -те и 90- тите години.

Од 23- ти до 29- ти септември Центарот за култура широко ги отвара вратите за филмскиот фестивал Браќа Манаки кој главната програма ќе ја има во големата сала на Центарот. После овој реномиран фестивал следува уште еден Фестивалот на класична музика Интерфест Битола.

Во октомври и ноември исто така следуваат атрактивни настани, еден од нив настапот на Лајбах.

За останатата програма на Фестивалот од музика од светот ќе биде организирана уште една прес конференција пред самиот почеток на овој настан.

Битола е дел од Love is still alive, приказната на Лајбах,  која ќе се случува низ европските градови. Тие ќе одржат целовечерен концерт во големата сала на Центарот за култура, едно визуелно,музичко и театарско доживување.

Lets make the world great again, односно како што велат Лајбах: Да го направиме светот повторно совршен.