Битола доби регионален Ресурсен центар за лица со оштетен вид

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во присуство на градоначалниците на Битола, Демир Хисар, Новаци, Могила и Ресен, како и членовите на Здружението на слепи лица од Битола, денеска во Битола беше свечено отворен новиот Ресурсен центар за слепи лица и лица со оштетен вид. Ова е прв ваков Ресурсен центар во Македонија кој е во сопственост на Здружение на слепи лица.

-Три години молевме и тропавме на врати, еве најдовме на разбирање кај новаталокална самоуправа, аплициравме и го добивме проектот од УНДП, зградата се реновираше, внатре имаме лап топ компјутери со говорна програма, има сензорен екран каде што се става книга и оној кој што е слабовиден ќе можат да читаат. Внатре има шах за слепи, домино за слепи, книги за слепи итн.Според евиденцијата на Здружението за слепи лица во Битола гиима над 200, од кои четири се мали децаи тие ќе можат да се дружат и да го поминуваат слободното време во овој центар“ изјави претседателот на Здружението за слепи лица  во Битола, Стевче Костадиновски.

За овој Ресурсен центар, според договорот, сите општини кои гравитираат ќе издвојуваат по 2 отсто од средствата наменети за финансирање на Здруженијата на граѓани, со што би се овозможило во наредниот период Центарот да функционира непречено.

 -Овој ресурсен центар за лицата со оштетен вид треба да ги покрива општините Битола, Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци. За овој ресурсенцентар, како би бил одржлив во следниот период, со одлука на советите наопштините, ќе бидат издвоени 2% од средствата наменети за здруженија награѓани, со што би се овозможило и во следниот период центарот за функционирабез пречки, односно да може да врши инклузија на лицата кои што имаат попреченоство видот. Во изминатиот период Општина Битола ги спроведе сите активности коишто се однесуваат на услогласување на потребната документација и сите процесиповрзани со тоа да се добие овој простор, наменет за ресурсниот центар. На моезадоволство, ова е добар показател како може сите месни заедници да бидатставени во функција на граѓаните, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Во Ресурсниот центар кој се наоѓа во Урбаната заедница „Коле Лачето“ на 500 метри квадратни поставени се најмодерни компјутери и лап топови со сензорни екрани, преку кои слепите лица ќе можат да ги следат сите настани, потоа има богата библиотека на книги со Брајова азбука, катче за играње шах и домино. На свеченото отварање дојде и пратеникот од Битола Александар Кирацовски.

-Грижата за лицата со попреченост воопшто е еден од првите императиви на Владата на Република Македонија, на МТСП, на парламентарното мнозинство, а како што гледате и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект се со цел да обезбедиме еднакви можности за развој и за живот на сите наши сограѓани.Свесни дека и статусот, но и грижата за овие наши сограѓани, во минатото, значи зборувам за лицата со оштетен вид, како и севкупно на лицата со попреченост во изминатите години беше на многу ниско ниво, затоа решивме комплетно да се посветиме на решавањето на проблеми на овие драги наши сограѓани и да ги обезбедиме сите неопходни услови за тие да имаат нормален живот како и сите наши останати сограѓани.Токму денешниот ден, иницирањето и изградбата на овој регионален центар оди во таа насока. Јас се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите општини во Република Македонија, впрочем и пример за целокупното општество, како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на нашите драги сограѓани, лицата со попреченост, рече Александар Кирацовски, пратеник во Собранието на Р.Македонија. 

Ресурсниот центар покрај со поддршката на неколкуте општини е изграден и во партнерство со УНДП.

Според статистиката бројот на лица со целосен оштетен вид во Македонија изнесува 2300.Колкав е бројот на лица со 20% оштетување на видот нема точна бројка. Здужението на слепи лица во Битола брои 220 челнови од кои 5 се деца.

Share.