Битола домаќин на 110 гости, учесници на Малиот битолски Монмартр

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битола овие денови е еден од најголемите детски ликовни центри за младите таленти од светот. Имено се одржува 37-то издание на „Малиот Монмарт“ и тоа до 30-ти мај, а започна со отворањето на 36-тата Светска изложба во објектот во Старата битолска чаршија.

– Над 110 од 16 земји во светот, се присутни на годинешното издание, а уште порадосен сум што Светската изложба после 15 години лобирање го добива заслуженото значење, влезе во програмата на Министерството за култура како културна манифестација од посебно значење за државата, рече творецот на „Малиот битолски Монмартр“, Коста Хаџиантоновски.

Годинава на конкурсот учествуваа 38 земји од светот, кои испратија 12 илјади цртежи.

– Една од најзначајните манифестации и настани во нашиот град е малиот битолски Монмартр-истакна градоначалничката Наташа Петровска. Како гости во Битола, најбројни се учесниците  од Хонг Конг, но гости има и од други држави кои освен во Битола творат и во Охрид.

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ информираше дека во изминатите години во Битола пристигнале над 500.000 детски цртежи, градот бил домаќин на повеќе од 850 тимови со 4.000 учесници ученици, ликовни педагози и други гости.

Share.