ВИДЕО: Битола доминантна на Купот на Македонија во боди-билдинг

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Боди-билдинг спектаклот кој во саботата се одржа во Битола и натаму се прераскажува. Со четири државни шампиони: Борче Стојановски, Владе Станковски, Зоран Лазаревски – Паљо и Горан Тромбев, Битола уште еднаш потврди дека е доминантна во овој спорт.

Апсолутниот шампион Борче Стојановски истакна дека повеќе од пет месеци се подготвувал за овој Куп на Македонија и без поддршка на семејството немаше да стигне до овој успех.

Купот на Македонија одлично го организираа Фитнес студио Паљо и Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Share.