ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛА Е ВО ГРАДОВИТЕ СО МНОГУ НИСКА АКТИВНОСТ НА ГРИПОТ

Од 16 до 22 декември во Македонија се пријавени 139 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 17,8% повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 51-ва недела од минатата сезона е намален за 32,2%.

Во однос на возрасната дистрибуција, 95 лица се на возраст од 15-64 години, 24 кај деца на возраст од 5-14 години, 12 кај деца на возраст од 0-4 години и 8 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 16 центри за јавно здравје,  Дебар – 42, Гостивар – 33, Куманово – 22, Тетово – 15, а во Прилеп, Скопје, Кавадарци, Охрид, Струга, Неготино, Македонски Брод, Струмица, Битола, Свети Николе, Кратово и Штип, бројот на заболени е под пет.

Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 799.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 10,2%, а во однос на моделот од последните 14 сезони  се регистрира намалување од 4,9%.