Невреме проследено со силен ветер и дожд, попладнево ја зафати Битола. Екипите на територијалната противпожарна единица веќе интервенираат на две локации каде што избувнаа пожари, а дополнително интервенираат и екипите на јавните претпријатија.
Штабот за заштита и спасување во координација со градоначалникот Тони Коњановски е ставен во целосна функција и со својата оператива дејствува на терен.
Од добиените информации состојбата со пожарите е ставена под контрола, а по стабилизирање на временските услови, јавните претпријатија ќе продолжат со расчистување на сите локации во градот, каде што е неопходно, соопштија од Општина Битола.












