Битола за Робертсон е главен град на Македонија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон зворувајќи на синоќешната трибина пред Музјот, ја поздави Битола како да е главен град на Македонија.

„Би било погрешно да ви кажуваме како да гласате, но гласањето е најголем императив во моментот. Има изрека во политиката која вели ‘ако не гласаш немаш право на мислење’. Многу е важно секој од вас да излезe да гласа. Кога бев генерален секретар на НАТО јас бев приморан да ве нарекувам ФИРОМ. Тоа беше погрешно и може засекогаш да се промени на 30 септември. Договорот со Грција ви го гарантира идентитетот и културата, јазикот и ви ја отвора вратата кон Европа. Одлуката е едноставна: сега или никогаш“, им рече Робертсон на битолчани.

На трибината зборуваше и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

„Вие сите сте најкосмополитската генерација кој било кога живеела во оваа земја“, рече Пендаровски и додаде: „Не треба да читаме бајки и да веруваме секому, но НАТО ни помогна во 2001 година. Тогаш имавме три мисии на НАТО кои прво ја запреа војната во Македонија и направија амбиент за да се имплементира Рамковниот договор кој потоа ни овозможи да добиеме кандидатски статус за ЕУ. Значи, имавме и имаме вистински пријатели“, рече Пендаровски.

Градоначалничката Наташа Петровска изрази надеж дека со интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО ќе се намали и бранот на иселување.

„Ни се случуваше да ни бегаат младите надвор од државата. Во оваа учебна година имаме 200 првачиња помалку во Општина Битола. Најтажното е што оваа генерација беше родена во 2012 година и ако ја земете бројката кога тие се родија и сегашната кога се првачиња бројката е намалена за сто дечиња кои веќе ги нема во нашиот град, тие заминаа со своите семејства. Ова мора да престане. Дали во нашиот град веќе нема да ни бегаат младите зависи од нашето ‘за’“, рече Петровска.

Share.