Денот на антифашистичкото востание на македонскиот народ и почетокот на народноослободителната борба, 11 Октомври, денеска се одбележува и во Битола.
Делегација на Сојузот на борците од Битола, заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници на Советот на Општина Битола, на политичките парти, Здружението на пензионери и други граѓани, денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред Споменикот на револуцијата пред Центарот за култура во Битола.
apla.mk