Битола има противпожарни возила со просечна старост од 30 години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Согласно бројот на жители, очекувано, најмногу возила има територијалната единица на Град Скопје со 47 возила, просечно стари 26 години.
Следува Битола (чија територијална единица ги покрива и Новаци и Могила) со 13 возила, со просечна старост од 30 години. Во групата на територијални противпожарни единици со повеќе од 10 возила спаѓа уште и Струмица (која ги покрива и  општините Босилово, Василево и Ново Село) со 12 возила, просечно стари 30 години.

Најмалку, односно по 3 возила имаат територијалните единици во Демир Хисар
(просечно стари 28 години), Кавадарци (просечно стари 25 години), Кратово (просечно стари 39 години), Крушево (просечно стари 38 години) и Македонски Брод (просечно стари 21 година).

Поради староста на возилата, голем дел од општините не поседуваат воопшто податок за вредноста на овие возила. Од 220-те возила, податоци за вредноста има само за 77 возила. Тие, кога се набавиле или биле добиени како донација, вределе 2.975.318 евра, односно просечната вредност на едно возило била 38.640 евра.

Базата на податоци на сите противпожарни возила е изработена од страна на Центарот за граѓански комуникации врз основа на податоци обезбедени од секоја од 30-те територијални противпожарни единици, преку барање за информации од јавен карактер.

70% од возилата на противпожарните единици во земјава се од минатиот век
Територијалните противпожарни единици во земјава имаат само 220 возила за
противпожарна заштита во кои влегуваат не само цистерните и возилата за гасење
пожар, туку и сите други возила на противпожарните екипи. Во земјава има 30 вакви единици.

Просечната старост на овие возила е 27 години и дури 154 од 220-те возила (70%) се
произведени во минатиот век. Најстари се две возила од 1966 година кои ги
поседуваат Струмица (од марката ФАП 13) и Валандово (од марката ТАМ 5500).
За споредба, министерствата и општините имаат на располагање 2645 патнички
возила, што значи дека на секое 12-то патничко возило доаѓа по едно специјално
противпожарно возило. Притоа, за разлика од патничките возила кои главно се
купуваат од буџетски пари, значаен дел од специјалните противпожарни возила се
добиени како донации.

Кај патничките возила има обратна ситуација, односно само
29% се од минатиот век, а 71% се купени во новиот милениум. Наспроти 27-те години на противпожарните возила, патничките просечно се стари 12,5 години.
Возилата на Кратово се најстари – со просечна старост од 39 години, додека
најмладиот возен парк го има Велес – со просечна старост од 18 години. Покрај
Кратово, просечната старост поголема од 30 години имаат и возилата на
противпожарните единици во: Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Охрид,
Свети Николе, Струга и Струмица.

 

 

Share.