ТЕРА

REKLAMA???

„БИТОЛА, МЕТОХ НА ДУХОВНОСТА“

Вечерва во “Кино Манаки” ЈОУ КИЦ Битола, со почеток во 19.00 ч. промоција на документарниот филм ,,Битола, метох на духовноста”.

Некогаш позната како град Манастир со стотици цркви, Битола и битолско се уште се духовен центар чии темели се длабоко вкопани во ранохристијанските базилики, цркви и манастири. Освен што се културолошки споменици, битолските цркви и манастири заради активниот литургиски живот се и цврст духовен бедем на православието. Ова се потврдува и со фактот што токму тука живееле повеќе православни светители. Битола била и продолжува да е метох на духовноста.

Проектот е поддржан од Општина Битола.