Битола перфектно одговори на хуманата акција на Еурофарм Пелистер

Битола го испочитува барањето на Еурофарм Пелистер и направи голем гест пред новогодишните и божиќните празници за дечињата од ранливите категории

Подот на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола беше преплавен од плишани играчки за време на дербито со Вардар.

Овие плишани играчи се наменети за дечињата од ранливите категории. Од клубот пред мечот истакнаа дека со оваа порака сакаат да ги потенцираат вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот.

Сподели