Битола подготвена за второто издание на Џез фактори фестивалот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Утревечер во Битола, започнува второто издание на Интернационалниот фестивал Jazz Factory Fest-Битола 2019 , кој ќе се оддржи на 19-ти и 20-ти 20 Април .

Фестивалот овогодинешната програма ја започнува во салата на Народниот театар Битола, кој е официјален  партнер на фестивалот, а се отвора  со концерт на џез триото составено од Теодосиј Спасов, Тони Китановски и Виктор Филиповски.

Втората вечер е резервирана за македонскиот џез квартет на Џоле Грујовски- Кабадајас.

Оф програмата започнува денес со настапот на Молли Тролли Квартет во кафе бар Камарите, на 19 ти настапуваат Скопје Џез Инк во Порта џез, а следниот ден Лина Авшар во Камарите. Лина е позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк- соул- џез стандарди и современа популарна музика.

Првото издание на фестивалот минатата година донесе во Битола реномирани светски имиња од џез сцената и тоа Душан Јевтовиќ, кој настапи со Васил Хаџиманов и тапанарот од Израел Асаф Сиркиз, како и Сашо Поповски трио, Фирс,Тони Китановски , Иван Бејков и Виктор Филиповски .

Во програмата оваа година е и џез-работилницата со наслов -Џез фестивали – организација – вмрежување – мобилност на артисти, која ќе се одржи во Народниот Театар на 20 ти април, а на која ќе говорат- Винко Михајловиќ – Петровац Џез Фестивал – Р.Црна Гора, Драган Влајниќ – Кикинда Џез Фестивал – Р. Србија, Ирена Благојевиќ – Џез музичар Белград – Р.Србија, Сашо Поповски – Џез Фабрика Фестивал – Битола, Бојан Стефковски – Џез Фортнајт Фестивал – Џез издавач Скопје, Гордана Настевска-Манасијеска -Акаша Букинг Агенција Скопје, како и домаќинот Тодор Ивановски од  Центар за културна деконтаминација Битола.

Фестивалот е поддржан од општина Битола, Министерството за култура и НУ. Народен Театар Битола.Организатор на фестивалот е културното здружение Центар за културна деконтаминација Битола, а основач и директор македонскиот џез музичар Сашо Поповски.

 

Share.