Битола ќе го чествува патронот на градот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

В понеделник и вторник Битола ќе го обележува патрониот празник Преподобен Нектариј Битолски.

Општината ја објави дводневната програма. В понеделник од 18 часот ќе биде организирана занаетчиската манифестација „Битолски еснафи“ а потоа и културно уметничка програма.

Вторник чествувањето ќе продолжи со Литургија во црквата Свети Великомаченик Димитриј, а потоа од 10:30 и Литија низ улиците на Битола.

На пладне во градоначалничкиот кабинет, прием на Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиско-Новозеландски г. Петар.


Share.