Битолската библиотека го одбележа патрониот празник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола денеска го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец.
Директорот на битолската библиотека Бојан Стефановски во своето обраќање пред присутните рече дека годинава  библиотеката со голем број на активности кои што ги реализирале дале значаен придонес во збогатувањето на културиот живот на нашиот град.
На денешната свеченост се одржа поетско музички рецитал 50 години „Дениција“ од Петре М.Андреевски, метафора на животот љубовта и смртта.

Во рамки на чествувањето  се одржа и Промоција на Списаниеето Библиотечен тренд , Зборник на излагања од 13-та Роднокрајна средба со битолските писатели од Македонија, Млади поетски перформанси (Избор на поетски творби), и Тематска изложба на книги, Свети Климент Охридски, Библиотеката – место за дружење .

Share.