Битолската ВМРО ДПМНЕ оддаде почит на ликот и делото на Гоце Делчев

Делегација предводена од Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ – БИТОЛА, Претседателот на УМС, Унијата на ветерани, Унијата на жени и граѓани почитувачи на ликот и делото оддадоа почит на македонскиот великан Гоце Делчев.
„Неговата максима и желба беше: “Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.” рекое од партијата.
Денеска се одбележуваат 118 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.
Сподели