Битолска песна за „Застава Југо“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Југo е автомобил кој беше еден од најпопуларните на овие простори, а е произведен во фабриката Застава во Крагуевац во Србија. Југо 45, Југо 55, Југо 65, Југо Корал ин, Југо кабриолет, се само дел од моделите кои и ден денес се возат низ улиците на бившите југословенски простори. За Југо генерации наназад се раскажуваат секакви приказни и анегдоти, овој автомобил е популарен и денес, а токму поради тоа битолскиот рапер Шабац во 2015 година посвети песна за овој модел, која наиде на доста позитивни реакции во државите кои беа во рамки на поранешна Југославија, а деновиве за истата песна снимаше и видео запис.
Поддршка за овој видео запис дадоа љубителите и возачите на Југо од Битола, кои со своите интересни модели ја збогатија содржината на самиот видео запис.

Видео записот се очекува да излезе до крајот на овој месец, а Јоцковиќ се заблагодари до целата екипа и до оние кои го поддржаа за овој запис да се реализира.

Застава произведе 794.428 модели на Југо од 1980 година, а 256.691 беа извезени од Југославија, од кои 141.651 на американскиот пазар. Производството на брендот Застава заврши на 11 ноември 2008 година, но популарноста на овој автомобил очигледно и понатаму живее.

Share.