Битолскиот модел Александар Грујовски, почина при пад од карпа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолскиот модел и фитнес тренер, Александар Грујовски, кој се појави и во видеоспот на Тамара Тодевска, починал на Малта.

Според првичните полициски извештаи, Александар паднал од височина, односно се лизнал од карпа кај заливот додека се шетал со  девојка.

“На местото на настанот беа повикани полицијата и медицински тим, по што беше констатирана смрт. Телото се наоѓаше на карпите, по што беше пренесено со хеликоптер. Полицијата работи на расчистување на настанот”, пренесуваат медиумите.

reporter.mk

Share.