Битолскиот универзитет ги награди најдобрите студенти по ораторство

0
1006

По повод освоените второ и трето место на Ораторскиот натпревар организиран по повод Денеот на Европа, денеска свечен прием во ректоратот  за студентките Снежана Секуловска од Правниот факултет и Ирена Димовска – Митревска од Педагошкиот факултет при Универзитет „Св Климент Охридски“ од Битола. На државниот натпревар во Скопје дебатираа на тема „Мојата порака до Европа“.

-Не го очекував освоеното второ место. Се пријавив бидејќи е едно искуство плус да се настапува пред толкава публика. Сетоа тоа го постигнав со помош на моите ментори, професори, рече Снежана Секуловска, студент на Правниот факултет.

-На натпреварот на нашиот универзитет ја освоив втората награда, а на државниот натпревар ја освоив третата награда. Конкуренцијата е многу голема бидејќи во Македонија имаме многу паметни млади луѓе, кои што се спремни, кои што имаат што да кажат, кои што се спремале, кои што совладале ораторски вештини, меѓутоа со работа, тука мора да се заблагодарам на мојата менторка проф.Билјана Граматковски, која што ми отвори еден посебен свет, еден свет на говорењето, свет на ораторството, кој што бара вешти а се разликуваат малку од некои други вештини кои што сме ги стекнале во животот, рече Ирена Димовска – Митревска од Педагошкиот факултет.

Битолскиот универзитет првпат освојува две од вкупно три ораторски награди и во два наврати беше успешен домаќин на манифестацијата Собир на студентите од универзитетите во Македонија.Од страна на ректорот студентите добија благодарници и парични награди.

-Оваа пригодна манифестација на некој начин е да се пофалиме со успехот на нашите студенти. Тоа е еден вид на потврда на нашите напори да ги ангажираме студентите надвор од оние наставни активности, во една благородна вештина а тоа е ораторството. Неколку години се одржува нашиот УКЛО Тривиум, каде што ги наградуваме студентите за нивните пораки изразени преку ораторските вештини, но задоволството денес е дека на ниво на Македонија од три награди нашите студенти освоија две награди. Уште повеќе би и честитал на комисијата, наградите се точно распределени како што и нашата комисија одлучи. Ова е само една можност која им ја даваме на нашите студенти, натаму ќе продолжиме да го прошириме спектарот на вон наставни активности каде што студентите ќе можат да се реализирата во целост, рече проф.д-р Сашо Коруновски, ректор на универзитетот„Св.Климент Охридски“-Битола.

На настанот присуствуваа и академски кадри од битолскиот универзитет  вклучени во поддршката за активирање на студентскиот потенцијал како одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење. На овој настан на УКЛО му претходеше ораторскиот натпревар УКЛО ТРИВИУМ, трет по ред, на тема: Quo vadis, студенту?  Правата на студентите во 21 – от век! На манифестацијата благодарница  за особен придонес доби и Лина Димовска студенска на Економскиот факултет во Прилеп, која два пати била меѓу најдобрите говорници на УКЛО Тривиум, а годинава ментор на еден од учесниците.