Битолскиот џез фестивал дел од меѓународната мрежа на џез фестивали

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На првото издание на Џез фактори фестивалот покрај изведувачите, беа присутни и реномирани гости меѓу кои директори на џез фестивали од регионот. Помеѓу нив и директорот и основач на џез фестивалот во Петровац, Винко Михајловиќ.

– По прв пат сме  во Битола, иако со Поповски соработуваме повеќе години, беше кај мене учесник на фестивалот. Мислам дека ова е почеток на една прекрасна соработка и меѓународна воедно. Јас во оваа приказна сум 12 години, соработувам со повеќе земји, дел сум и од силк роуд  односно  патот на свилата и еве во 2017 го започнав и проектот џез туризам и мило ми  е што и Сашо ќе биде дел од тој проект-истакна Михајловиќ.

За битолскиот џез фестивал вели – Оваа иницијатива е одлична.Во Црна Гора е голем проблем, некои фестивали започнуваат и се откажуваат за кратко време. Но, би сакал да постојат што повеќе фестивали, не само во Црна Хора туку и во Македонија, да има асоцијација на македонски џез фестивали.
Кај нас во текот на овие 12 години имаме концерти во текот на 10 дена пример 40 концерти минатата година, потоа нашиот фестивал трае 15 дена. Ние имаме уште еден фестивал Монтенегро сан реге, единствен од тој вид во летниот период кој се одржува веќе 7 години. Ова е одлична идеја која ја предложив на Сашо и на Драган од Кикинда фестивалот, ние соработуваме и со Ниш фестивалот и со многу други во светот, оваа приказна може да има добар резултат на меѓународно ниво и воедно и покана за туристи да дојдат кај нас, тука има простор и за други работи, во иднина да направиме еден заеднички буџет и да се презентира пред светот да се добијат средства.
Имено битолскиот џез фактори фестивал влезе во мрежата на меѓународни џез фестивали, со што се отвора простор за соработка на меѓунардоно ниво и размена на џез музичари.

 

Share.