Битолските жени немаат дилема кога се става паричка во мазникот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Паричка во мазник или лепче на Бадник или Василица? Дилемата е присутна со децении наназад. По битолски тоа се прави на Василица. Ова е темата за денешната емисија Објави ме.

Ова е женско друштво кое се собра да ја прослават Василица и да го направат обичајот барање на паретот во мазникот. Тоа се дел од членките на битолската организација на жени, една од најстарите во невладините организации во Македонија.


Ја прославуваа православна Нова година, односно празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Мазник за секоја од нив, во едено од нив има и паре. И највозбудливиот момент е откако ќе се поделат мазниците, барањето на паричката.
Годинава најсреќна беше Лепа Богоевска.

Share.