Битолските стопанственици на средба со Коњановски

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски денеска на средба со битолските стопанственици.Стопанствениците му ги предочија своите потреби и интереси.

„Денес бизнис секторот заедно со кандидатот на градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски направивме средба на која што бизнис секторот ги претстави проблемите кои што ги мачи овие бизнисмени, овај дел каде што во Пелагонија повеќе од 20 години имаме стагнација на развојот на бизнис секторот. Јас секогаш кажувам дека 12% БДП е малку за Пелагонија, треба 18 до 20%, она што го имавме, така што сите проблеми кои ги имаме во стопанството од инфраструктура, гасификација, од улична инфраструктура, од бизнис сектор странски, наш во развојот во делот на туризам ги поставија кон нивниот кадидат, тој одговори на се што можи какао иден градоначалник заедно рамо до рамо со бизнис секторот заеднички тие проблеми сите да ги увидат и какао што кажа еден наш член дека една соба која што ќе биди соба за совети давање и од секторот и од градоначалникот заеднички да има поголем успех“, рече претседателот на Регионалната стопанска комора Мирко Велковски.

„Она што можам да го кажам и тоа што го ветив е да бидам партнер со стопанската комора, еден взаемен партнерски однос. Им кажав дека по професија сум лекар и дека не мислам да бидам бизнисмен, меѓутоа ќе ми треба партнерски однос со нив, во еден таков однос да ги сублимираме сите проблеми, да ја отвориме вратата на локаланата самоуправа и заедно да ги решаваме проблемите. Иницирав и една можност од моја страна два пати на два месеци да се сретниме ама не декларативно, туку со претставници кои што тие ќе ги одредат на комората и да ги решаваме тековните проблеми, да пробраме да ги откочиме работите со кои се среќаваат. ГУП, Деталните урбанистички планови, патната инфраструктура, пречистителната станица, енергенсите од типот топлификација и гасификација на Битола тоа се проблемите кои што овие луѓе ги мачат. Бев информиран дека дел од капиталот се изнесува надвор, зошто да не направиме добри услови да Битола биде општина која ќе овозмзожи работа на сите. Едноставно моја интенција е да бидам татко на сите, да не ги делам по никој основ, најмалку политички, вратата да биде отворена во еден партнерски сериозен однос од кој од многу од нив многу работи ќе можам да осознаам, да научам, зошто тие се тие луѓе кои ги знаат проблемите и кои ќе ни укажат и какао заедно ќе ги решиме, исклучиво партнерски однос“, рече кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Тони Коњановски.

 

 

Сподели